Општина Гевгелија објави Конкурс за финансиска поддршка на програмите на Месните заедници за организирање културни активности во 2026 година.
Локалната самоуправа ги повикува сите активни Месни заедници со регуларно формирани и легитимни органи на управување да се пријават на Конкурсот за финансиска поддршка за реализација на културни активности во нивните населени места во 2026 година. Конкурсот е наменет за проекти и активности кои придонесуваат кон збогатување на културниот живот, промоција на локалната традиција, уметнички и образовни настани, како и за зголемување на граѓанската активност и соработка меѓу жителите.
Начин на поднесување на пријавите: Пријавите треба да се достават до Општина Гевгелија- преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр. 4, 1480, Гевгелија, или лично во Архивата на Општина Гевгелија со задолжителна назнака: „Конкурс за финансиска поддршка на Програмите на Месните заедници во Општина Гевгелија за организирање културни активности во 2026 година“.
Рок за поднесување: 30 декември 2025 година, најдоцна до 16:00 часот.
Повеќе информации за критериумите за учество, потребната документација, начин на аплицирање и процесот на оценување на пријавите можат да се најдат на следниот линк: Конкурс за финансиска поддршка на Програмите на Месните заедници за организирање културни активности во 2026 година.



