Советот на Општина Гевгелија ја одржа својата 65. седница, на којашто ги усвои Измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Гевгелија. Согласно ребалансот- зголемување на Буџетот на Општина Гевгелија за 23.016.155 денари, трансфери од други нивоа на власт, на последната седница беа донесени и Одлука за измена и дополнување на Одлуката за одобрување на Планот на програми за развој на Општина Гевгелија за 2025 година, измени и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија и Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија за 2025 година. Исто така, на 65. седница, Советот на Општина Гевгелија ги усвои и измените и дополнувањата на Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2025 година.