Во рамките на активностите за подготовка на Буџетот на Општина Гевгелија за 2027 година, согласно утврдениот буџетски календар, Општината го поттикнува активното учество на граѓаните во утврдувањето на приоритетите и планирањето на буџетските средства, со цел нивната распределба да одговори на потребите на локалното население.
Еден од начините за вклучување на граѓаните во овој процес е преку анкетен прашалник, за чија цел Општина Гевгелија изработи прашалник со можност жителите на градот и населените места да ги посочат проблемите со кои се соочуваат, да предложат решенија и да ги изнесат своите идеи за унапредување на условите за живот во општината.
Прашањата се однесуваат на повеќе области од надлежностите на локалната самоуправа. Предвидена е и можност за наведување проблеми, предлози и идеи од други области што не се опфатени во понудените категории.
Добиените одговори ќе послужат како насоки при планирањето на Буџетот за 2027 година и разгледувањето на потребите и приоритетите на граѓаните. Општина Гевгелија ги повикува сите заинтересирани жители да го пополнат прашалникот и да дадат свој придонес во процесот на креирање на локалните буџетски политики.
Анкетниот прашалник може да се пополни на линкот даден во прилог: Граѓанско учество во креирање на Буџетот на Општина Гевгелија за 2027 година


