Во населеното место Мрзенци, на потегот од детското катче до бензинската пумпа на „Макпетрол“, е изграден нов атмосферски цевковод во должина од 100 метри. Со завршувањето на оваа градежна активност, старото отворено корито е заменето со затворен систем за собирање на атмосферските води. Преземањето на овој зафат беше неопходно поради потребата од зголемување на безбедноста во населбата, особено за најмладите, како и за подобрување на хигиенските услови и естетскиот изглед на просторот.
– Со затворањето на отворениот канал, конечно овозможуваме побезбедна околина за нашите најмлади, децата сега можат безгрижно да си играат во детското катче- истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.





