Се известуваат граѓаните дека настанот „Изложба од колекцијата на НУ Национална галерија на РМ- ‘(По) трагите на водата’- акварел“, кој требаше да се одржи денес, 17 декември, со почеток во 19:00 часот, во Фоајето на Народен театар- Гевгелија, во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“, од технички причини се откажува.
Имајќи ги предвид непредвидените околности, настанот нема да се одржи во друг термин. Граѓаните кои покажале интерес за изложбата се замолуваат за разбирање и се охрабруваат да продолжат со следење на останатите настани од програмата на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, која ќе трае до крајот на декември и нуди бројни можности за уметничко и културно доживување.
Се изразува благодарност до сите заинтересирани за разбирањето и континуираната поддршка на културните содржини во Гевгелија.




