Во рамки на Проектот: „Балкански алтернативни мобилни рути за одржлив туризам во сите сезони“ (Балкан Вело) што започна да се реализира преку Interreg VI A ИПА Програмата за Прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија 2021 – 2027, претставници од проектниот тим на Општина Гевгелија ја посетија партнерската Општина Разлог, Р. Бугарија. Целта на посетата беше следење на напредокот на Проектот и размена на искуства со останатите осум проектни партнери.
За време на работните состаноци беа презентирани досегашните активности, се разгледуваа тековните предизвици и беа координирани следните чекори во имплементацијата на Проектот. Проектот има за цел развивање на целогодишен туристички производ, кој го подигнува нивото и ги комбинира можностите за развој со акцент на развојот на екотуризмот, подигање на нивото на развој на еколошкиот туризам, диверзификација на силната сезонска природа на туристичките услуги во прекуграничниот регион и отпорност на ранливоста на услугите во туристичкиот сектор. Оваа средба овозможи и поблиско запознавање меѓу партнерите од двете земји, зајакнување на меѓусебната соработка и поставување на основи за понатамошни заеднички иницијативи.
Главните активности на Општина Гевгелија во рамки на Проектот вклучуваат: изградба и обележување на нова велосипедска патека од старото училиште во с. Серменин до локалитетот „Св. Илија“ во должина од 1.003 м., реконструкција на старото училиште во с. Серменин и адаптација во Мултимедијален туристички центар, оставување урбана опрема, организација на промотивни настани, изработка на стратегија и сл.
Партнери од Македонија се Општина Гевгелија, Општина Богданци и ФЛОРИТ- Гевгелија.

