Мартина Стојчева од Гевгелија е успешна претприемачка- сопственичка на цвеќарата “Mr. Мama”.
Сонот си го остварила преку Програмата Самовработување, којашто е дел од Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активните мерки и програми за вработување. Носител на Програмата е Министерството за социјална политика, демографија и млади, а се имплементира од страна на Агенција за вработување, со поддршка од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Серијата поткасти се продукција на Општина Гевгелија и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Гевгелија, активност преку Програмата за активности во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2024 година, којашто има за цел да го промовира женското претриемништво во општина Гевгелија, но и да се поттикнат останатите жени за основање сопствен бизнис.
Линк: Поткаст 1