Третиот поткаст којшто излезе во јавност е со Татјана Николовска од Гевгелија – сопственичка на Едукативен центар “My school” и книжарница “The Book Shop”. И покрај неможноста да се вработи во државно училиште, никогаш не се откажала од желбата да биде наставничка. За што, уште на почетокот од својата кариера решила да отвори едукативен центар со сопствени средства. А, по 13 години, љубовта кон книжевноста ја поттикнала да отвори и книжарница.
Серијата поткасти се продукција на Општина Гевгелија и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Гевгелија, активност преку Програмата за активности во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2024 година, којашто има за цел да го промовира женското претриемништво во општина Гевгелија, но и да се поттикнат останатите жени за основање сопствен бизнис.
Сценарио: Петар Б. Јанчев- Пепо, заменик-координатор за еднакви можности во Општина Гевгелија
Видео и монтажа: Васко Трајков
Линк: Потскаст 3