ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МЛАДИНСКИ ИДЕИ ВО РАМКИ НА ВТОРИОТ ИНТЕРАКТИВЕН КАРВАН „КОМУНИТИ“
Во Гевгелија, на Градскиот плоштад, се одржа вториот интерактивен карван „Комунити“, на којшто граѓаните од општина Гевгелија имаа можност директно да се запознаат и да ја инсталираат електронската платформа за поврзување со заедницата. Покрај тоа, карванот беше збогатен и со блок- презентација на идеи од младите гевгеличани. Имено, ученици од економската и машинската струка при СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија ја презентираа својата иницијатива за Забвна соба/ Fun room, Новинарскиот клуб од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија- Студио за поткаст, членовите на „Гевгелија Точак Клуб“ – Мултифункционална, инклузивна, мобилна училинца, а Клубот на волонтери при ОО Црвен крст Гевгелија ги презентираа нивните хуманитарни, едукативни и превентивни програми за хумана Гевгелија и можностите за младинско вклучување. Додека пак, ученици од ООУ „Владо Кантарџиев“ ја елаборираа својата иницијатива „Гевгелија STRIKE SPOT“- Центар за социјални игри so Escape Room и куглана, како мултифункционално катче за млади, членовите на Регионалниот центар за одржлив развој- своите активности и соработката со младите, а учениците од ООУ „Ристо Шуклев“- Гевгелија ја презентираа својата модна ревија со рачната изработка на уникатна облека.
На настанот, беше присутен и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, којшто го истакна своето задоволство од успешноста на настанот.
– Главната цел на овој „Комунити“ карван е да се промовира електронската платформа за поврзување на заедницата. Активноста се реализираше во рамки на Проектот на УСАИД во Македонија: „Здружи се заедницата“, спроведуван од Асоцијацијата „Конект“, а во партнерство со Фондација „Аполонија“, ИНДИГО и ЕВН- Македонија.
Меѓу голем број присутни, по вторпат Гевгелија имаше можност одблиску да се запознае со начинот за користење на апликацијата и повеќето опции кои ги нуди за поврзување и проширување на соработката на граѓаните со локалната самоуправа. На овој карван, задоволство беше да се чуе гласот на младите гевгеличани, презентирајќи ги нивните идеи, кои можат да донесат позитивни промени во општеството, рече Сарамандов.