На 30 јуни и 1 јули 2026 година, Гевгелискиот регион беше зафатен од невреме проследено со град, при што беа зафатени населените места Негорци, Кованец и Ново Конско.
Поради настанатите временски непогоди, Општина Гевгелија ги известува граѓаните кои претрпеле штети дека можат да поднесат барање до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи, најдоцна до 10 јули 2026 година (петок), во периодот од 08:00 до 16:00 часот, во просториите на Општина Гевгелија.
Барањето се подига на пултот на влезот во општинската зграда, а граѓаните се должни да достават соодветна документација во зависност од видот на настанатата штета, и тоа: имотен лист, договор за закуп, документи за машини или опрема, документација за жива стока или други релевантни докази, како и копија од лична карта и трансакциска сметка.
По приемот на барањата, Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата ќе постапи по истите во рамки на своите надлежности.


