На последното електронското јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште во Општина Гевгелија, продадени се сите 5 градежни парцели за домување во станбени куќи, од кои 2 на м.в. „Моински пат“ и 3 на „Караорман“. На Jавниот повик за учество во наддавањето, се пријавиле 18 понудувачи, стои во Извештајот за спроведена постапка за јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште. За петте парцели, чија почетна цена изнесуваше 61 денар по метар квадратен, на електронското јавно наддавање се постигнати цени од 2.300 денари до 2.630 денари по метар квадратен. Односно, од продадените градежни цели обезбедена е вкупна сума од 5.061.260 денари.
По спроведената постапка за јавното наддавање, Комисијата за спроведување на постапки за отуѓување на градежно земјиште изготви поединечни записници за сите пет парцели и истите електронски ги достави до сите учесници на јавното наддавање. По изминување на законскиот рок од 3 дена за поднесување приговори од учесниците, ќе продолжи постапката за отуѓување на предметното земјиште согласно Законот за градежно земјиште.