Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, оствари средба со Стефан Галка, тим лидер на ЦЕС и со претставници на Програмата за наводнување во Македонија. На средбата, Градоначалникот беше запознат со нивната работа во делот на проектирање на техничката документација за изградба на нов систем за наводнување на земјоделско земјиште во гевгелискиот крај и изработената Физибилити студија, со којашто се исцртани основните параметри за проектирање. А, во моментот, се изработува оновен проект, по што ќе следува неговата реализација.
Градоначалникот Сарамандов истакна дека станува збор за значаен проет којшто ќе има огорем и повеќегодишен бенефит за градот Гевгелија. Всушност, изградбата на овој цевковод е дел од втората фаза на Проектот за изградба на Конска Брана. Со изградбата на новиот ситем за наводнување, ќе биде опфатена голема површина земјоделско земјиште, односно 658 хектари. Со што, значително ќе се подобрат условите за одгледување земјоделски култури во општина Гевгелија.