Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, вчера (22.04.2025) и датумот на раѓање на македонскиот композитор Драгослав Ортаков, беше промовирана неговата последна книга „Повест за Рушка“. За книгата, процесот на нејзиното објавување, нејзината приказна и атмосфера зборуваше промоторот Христо Петрески. Разговорот за приказната, нејзините автобиографски елементи, значењето на поимот „Рушка“ итн. го продлабочи професорот на Факултетот за музичка уметност, Бојан Ортаков, кој се присети и на голем број анегдоти поврзани со животот и делото на својот татко, особено на неговата нераскинлива врска со родната Гевгелија.
На настанот, како негов печат, се издвои и неговиот Тропар Богородичен, а беше пуштено и интервју во кое Драгослав Ортаков одговара на повеќе прашања. Настанот, дел од „Гевгелија- Град на културата 2025“ беше отворен со настап на Градскиот хор „Гортинија“ под водство на Илија Атанасов, по што се обрати и директорот на Библиотеката, Стефан Марковски.









