На 26 април 2025 година (сабота), во Народниот театар- Гевгелија ќе биде изведена балетската претстава „Велеградски варијации“ од Љубомир Бранѓолица. Стартот е во 20:00 часот, а влезот чини 100 денари. Влезниците можат да се купат во Народниот театар- Гевгелија.
Станува збор за поставка што се навраќа кон делото на композиторот Љубомир Бранѓолица преку неговите „Велеградски варијации“, балет поставен 1959 години и реобновен шеесет и шест години подоцна. Новата кореографија вклучи делови кои се зачувани од оригиналната поставка на Олга Милосавлева. Jа обработува темата на љубовта прикажана преку серија епизоди кои опфаќаат различни драмски ситуации и ликови лоцирани во урбана градска средина. На оваа верзија како тим работат: Александра Мијалкова, Соња Здравкова- Џепароска, Елизабет Колевска, Сања Шутевска, Дарија Џепароска, студентите од Катедрата за балетска педагогија на ФМУ, учениците од Oсновното и Средното училиште ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ Балетски оддел, студенти по актерска игра од „Еуропа Прима“ и Балетското студио „Аврора“.
Пред изведбата на балетската претстава, во првиот дел од програмата ќе настапат и учениците од Балетскиот оддел од ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, под менторство на наставничката кореограф Виолета Чокова. Настанот е дел од манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“ и е во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и соработка со вклучените реализатори на овој проект.





