На 53. седница, закажана за 6 декември 2024 година, Советот на Општина Гевгелија ќе расправа по Нацрт-Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година. Исто така, предмет на расправа ќе бидат и Нацртите на двете најголеми буџетски Програми – за уредување на градежното земјиште во Општина Гевгелија и за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во Општина Гевгелија за 2025 година. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. За работа на 53. седница е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Заклучок за утврдување на Нацрт-Буџет на Општина Гевгелија за 2025 година,
2. Предлог-Заклучок за утврдување на Нацрт-Програмата за уредување на градежното земјиште во Општина Гевгелија за 2025 година,
3. Предлог-Заклучок за утврдување на Нацрт-Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици за 2025 година,
4. Предлог-Одлука за траен отпис на даночна обврска- комунална такса за истакната фирма во општина Гевгелија,
5. Предлог-Одлука за одделување средства од Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година – парична награда за пожарникарите од ТППЕ- Гевгелија,
6. Предлог-Одлука за одделување средства од Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година – парична награда за вработените во ЈП „Национални шуми“, ПШС „Кожуф“- Гевгелија,
7. Предлог-Одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација за спојување на градежни парцели ГП 3.24 и ГП 3.24А од ДУП Блок 16, општина Гевгелија,
8. Предлог-Одлука за утврдување Нацрт-Измена и дополнување на ГУП за Блок 10 и Измена и дополнување на ДУП за дел од Блок 10 (дел од Блок 10.5)- обединета постапка, општина Гевгелија,
9. Предлог-Решение за формирање Комисија за изработка на Програмата за работа на Советот на Општина Гевгелија за 2025 година,
10. Предлог-Решение за разрешување член во Училишниот одбор на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија,
11. Предлог-Решение за именување член во Училишниот одбор на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија,
12. Предлог-Решение за разрешување член во Училишниот одбор на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија,
13. Предлог-Решение за именување член во Училишниот одбор на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија,
14. Предлог-Решение за разрешување член во Училишниот одбор на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци,
15. Предлог-Решение за именување член во Училишниот одбор на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци,
16. Предлог-Решение за разрешување член во Училишниот одбор на ООУ „Климент Охридски“- Миравци,
17. Предлог-Решение за именување член во Училишниот одбор на ООУ „Климент Охридски“- Миравци,
18. Предлог-Решение за разрешување член во Училишниот одбор на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија,
19. Предлог-Решение за именување член во Училишниот одбор на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија,
20. Предлог-Решение за разрешување член во Управниот одбор на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија,
21. Предлог-Решение за именување член во Управниот одбор на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија,
22. Предлог-Решение за давање согласност на Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот 01.01.2024 год. – 30.09.2024 год., со посебен осврт на периодот 01.07.2024 год. – 30.09.2024 год.,
23. Информација за состојбата со социјалната заштита на населението во општина Гевгелија.