И спортскиот терен во дворот на Подрачното основно училиште во населено место Мрзенци преку акцијата на Општина Гевгелија за подобрување на спортската инфраструктура е целосно реконструиран. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид на теренот и се запозна со извршените активности.
Во рамки на реконструкцијата е поставена нова тартан подлога, теренот е обележан за повеќе спортови, а спортските реквизити се ревитализирани.
Градоначалникот Сарамандов истакна:
– Младите се нашиот приоритет. Секое населено место ќе има подеднакво исти услови за спорт, рекреација и поминување на најубавите детски денови. Реконструкцијата на теренот овозможи создавање на функционално и безбедно место за спортски активности на младите од ова населено место.
















