Над 60 члена успешно ја презентираа работата на Драмската секција за деца при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија. Со премиерните изведби на театарските престави „Тоа е животот“ и „Каде ли е, кај се крие“ во ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија и Народниот театар- Гевгелија, а во режија на Катица Џишева Дупарова, на различни возрасти- децата и младинците го покажаа својот извонреден талент за глума.
Со поуки за тоа што може да донесе животот- комбинација од драмски текстови на Горан Стефанов, Оливера Николова и Киро Донев споени во едно и за сплотеноста за пронаоѓање на една бунда низ патување во повеќе сказни по сценарио на Афродита Кирјаковска, Драмската секција за деца ја одбележа својата напорна работа. За што, во поставките на детските претстави несебичен влог дадоа и соработниците- сценографи Гордана Петрова и Перо Кованцалиев, костимографот Олгица Станојков, за реквизитите Александар Јанев, за музичките обработки Влатко Сапламаев и техничката поддршка- Коста Ампов.