Општина Гевгелија е една од општините што се вклучени во иницијативата на „АутоМакедонија“ АД Скопје и својата определба за поддршка на електричната мобилност. За таа цел, во Гевгелија се организираше промотивен тест возење со електричен автобус ISUZU Novociti VOLT.
Целта на активноста е преку практична презентација на електричниот автобус на улиците во градот Гевгелија, граѓаните и Општината да добијат претстава за можностите што ги нуди овој еколошки автобус и неговите предности: 0% емисии на штетни гасови, ниска бучава, удобност и заштеда на гориво.
Исто така, електричниот автобус се презентираше и во дворот на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, пред учениците од Машинската струка и беа запознати со можностите што овој еколошки автобус ги нуди.