Во рамки на програмата „Гевгелија град на култура 2025 година“, а во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија се одржа извонредниот музички рецитал на баритонот Ристе Велков насловен „Музички мозаик“. Љубителите на музиката, проследувајќи го рециталот на 25 април 2025 година, во хотел „Аполонија“, уживаа во маестралните изведби на Велков, во пијано придружба на Јанинка Невчева.
Публиката, воодушевена од неговата интерпретација, го награди со долги стоечки овации. На репертоарот беа застапени 14 изведби- гевгелиската химна „Трба, трби Гевгелиско“, други познати македонски композиции како „Молитва“ на Трајко Скаловски, „Вардаре“ на Трајко Прокопиев, традиционални песни во современи аранжмани, како и незаборавни арии од светски познати опери на Верди, Доницети и Бизе.


