Советот на Општина Гевгелија на вчерашната 40. седница ја усвои Завршната сметка на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година. Исто така, го усвои Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година, за периодот 01.01 – 31.12.2023 година кумулатив и донесе Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година. Имено, Советот на Општина Гевгелија беше информиран и за работата на Градоначалникот на општина Гевгелија за 2023 година.
На 40. седница Советот ги усвои Годишните завршни сметки на образовните и културните институции, а во врска со работата на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија, ја усвои Годишната завршна сметка на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2023 година и донесе Одлуки за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги, државните службеници и на директорот за 2024 година.