Советот на Општина Гевгелија, на денешната 46. седница, го усвои Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија, за периодот 01.01. – 30.06. 2024 година, кумулатив. Од вкупно проектираниот Буџет на Општина Гевгелија за 2024 година, во висина од 603.912.887 денари, реализирани се вкупно приходи во висина од 297.923.180 денари или 49,33%, од кои 13.357.190 денари капитални приходи, а 284.565.990 денари опреративни приходи. Од планираните приходи во Основниот буџет во висина од 298.398.248, во периодот од 01.01. – 30.06. 2024 година, реализирани се 44,54% или 132.916.368 денари.
Додека, вкупните расходи во Кварталниот извештај учествуваат со средства во висина од 287.941.998 денари, од кои 35.835.451 денар или 12,45% се капитални расходи. Во структурата на реализираните расходи на Основниот буџет во висина од 132.916.368 денари, капиталните расходи учествуваат со средства во висина од 29.682.169 денари или 22,33%.