Советот на Општина Гевгелија, на денешната 51. седница, го усвои Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија, за периодот 01.01. – 30.09.2024 година, кумулатив. Од вкупно проектираниот Буџет на Општина Гевгелија за 2024 година, во висина од 675.338.817 денари, реализирани се вкупно приходи во висина од 457.139.760 денари или 67,69%, од коишто 20.406.953 денари капитални приходи, а 436.732.807 денари оперативни приходи. Од планираните приходи во Основниот буџет во висина од 342.346.441 денар, во периодот од 01.01. – 30.09. 2024 година, реализирани се 68,65%, односно 206.655.759 денари- 176.173.680 денари приходи во тековниот период и пренесени приходи во висина од 30.482.079 денари.
Додека, вкупните расходи во Кварталниот извештај учествуваат со средства во висина од 439.269.603 денари, од коишто 73.916.593 денари или 16,83% се капитални расходи, а 365.353.010 денари тековно оперативни расходи. Во структурата на реализираните расходи на Основниот буџет во висина од 206.655.759 денари, капиталните расходи учествуваат со средства во висина од 64.634.567 денари или 31,28%.