Напорната работа на Школата за гитара, учениците ја презентираа пред гевгелиската публика со концерт којшто се одржа во склоп на јулската програма за „Гевгелиско културно лето“. На гитари и бас-гитари и позадинска поддршка на тапани, петнаесетмината млади потенцијали ги отсвираа навежбаните домашни и странски рок песни под менсторство на Костадин Динев- Коце Зијан.
Несомнено, оваа Школа потврдува дека Гевгелија може да се гордее со млади музички таленти кои веќе се подготвени да им приредуваат незаборавни концерти на своите сограѓани и заслужно да го добијат нивниот аплауз како благодарност за уживањето во изведбите. Во обраќањето пред публиката, менторот Коце го изрази своето задоволство што преку поддршката од Општина Гевгелија ја има можноста да им го пренесе своето знаење на младите и што градот го има најголемиот оркестар. Надевајќи се дека бројката на млади кои ќе ја посетуваат Школата и ќе ги научат вештините за свирење гитара и бас-гитара, ќе порасне.