Утре (24 јануари 2024 година), Општина Гевгелија го организира 4. Форум во заедницата за гласање на еден или повеќе од шесте предлог-проекти од областа на животната средина, коишто граѓаните- работните групи ги развивааа преку предлог-концептите на претходните форумски сесии, а ќе се реализираат со грант во висина до 50.000 американски долари:
– Изградба на велосипедска и пешачка патека;
– Уредување на паркот и реконструкција на објектот во Смрдлива Вода и негова адаптација за користење и од лицата со попреченост;
– Изградба на спортско-рекреативен парк и рехабилитација на веќе постоечките со содржини за лицата со попреченост, деца и возрасни;
– Селекција и рециклирање на отпад;
– Собирен центар за употреблив отпад од домаќинствата;
– Поставување фотоволтаици на училишните згради.
Четвртата форумска сесија ќе се одржи во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, со почеток во 17:00 часот.
Програмата „Зајакнување на општинските совети- Фаза 2“ ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.