Драмската секција при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, на 11 декември 2024 година, премиерно ќе ја изведе битово-социјалната драма „Чорбаџи Теодос“. На сцената во Народниот театар- Гевгелија, со почеток од 19:00 часот, 20 члена со својот актерски талент и на свој начин ќе им ја претстават на гевгеличани комедијата на интрига, во режија на Катица Џишева Дупарова. Влезот е слободен.
Вреди да се погледне поставката затоа што во секоја нова претстава децата брилираат и ја оправдуваат работата на Драмската секција.