Општина Гевгелија организира јавна презентација и јавна анкета за измена и дополнување на Блок 19 од Урбанистички план за село Прдејци, општина Гевгелија, плански период 2025-2035 година. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на 1 декември 2025 година (понеделник), во Домот на културата во с. Прдејци, со почеток во 12.00 часот. Јавната анкета ќе трае 30 дена, и тоа од 1 декември 2025 година до 1 јануари 2026 година.
Локацијата на планскиот опфат е село Прдејци и го опфаќа Блок 19 од Урбанистичкиот план за село Предјци, општина Гевгелија, а вкупната површина на планскиот опфат изнесува 1,77 ха.
Во споменатиот рок, сите заинтересирани граѓани и правни лица од подрачјето опфатено со планот, како и државните органи и други институции, ќе можат да ги доставуваат своите забелешки, предлози и мислења на анкетните листови, коишто можат да ги подигнат во Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина при Општина Гевгелија или од веб-страната на Општина Гевгелија на следниот линк:


