Во рамки на програмата за „Гевгелија град на културата за 2025 година“, утре (10 јуни 2025 година), во уметничката галерија „Амам“- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот, ќе биде отворена Изложба на керамики од Филип Фидановски- „Пикасо можеби јас 2“. Ќе бидат претставени 13 дела изработени во керамика, насликани со енгоба, глазура и 18-каратно злато за керамика и порцелан.
Поставката во Гевгелија е соработка помеѓу НУ Музеј- Гевгелија со Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“- Скопје, во рамките на Проектот „Музеум линк“. Изложбата е под покровителство и финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Шпанија во Македонија. Куратор на изложбата ќе биде Кирил Пенушлиски.
