На 11 април 2025 година, со Концерт на Наџионалниот џез оркестар, ќе биде свечено отворена манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“. На Градскиот плоштад во Гевгелија, со почеток од 19:30 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи со репертоар на незаборавни хитови и поп-евергрини од македонската и светската музичка сцена.
Овие безвременски мелодии ќе добијат нов, уникатен звук преку специјално адаптирани аранжмани за изведба со биг-бенд состав, а публиката ќе ужива и во врвните изведби на членовите на биг-бендот. Диригент на концертот ќе биде Џијан Емин, а како вокални солисти, покрај членовите на биг-бендот ќе настапат: Андријана Јаневска, Светлана Јовановска, Дејан Бобиќ и Калина Велковска. Концертот е поддржан со средства од Министерството за култура и туризам во рамки на Проектот од национален интерес, манифестација „Гевгелија град на културата за 2025 година“.
На Концертот му претходат Самостојна изложба на Aна Митеска, насловена „Приказни во тиркиз- Извор на животот“, во Уметничката галерија на НУ Музеј- Гевгелија „Амам“, со почеток од 17:30 часот и дефиле низ Градскиот плоштад, со почеток од 18:30 часот.
Самостојната изложба на Митевска е дел од манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, како резултат на соработката помеѓу НУ Музеј-Гевгелија и Здружението за архитектура, дизајн и култура „Архифакт“- Скопје. Оваа изложба е патувачка од 2024 година, по музеите и домовите на културата надвор од Скопје, во организација на Јасминка Намичева, автор на неформалната мрежа на музеи „МузеумЛинк“. Првично, беше реализирана во Музеј на Град Скопје во 2024, како трета самостојна изложба на Митевска. Куратор на изложбата е Гордана Велкова.
Ликовните приказни се дел од неколку тематски циклуси, поврзнаи во колористички структурални композиции кои градираат во мелодичен ритам на тиркизната боја создавајќи ги ликовните елементи со ликовниот простор. Секоја композиција од циклусот стилки се влева во наредната, а секој циклус продолжува во наредниот градејќи ја целата поставка на делата низ којашто таа ја преобразува аморфната ликовна форма во различни структурни површини исто како и преобразбата на структурата во природата на каменот Тиркиз, од камен во кристал.



