Утрешната програма за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“ продолжува со уште еден музички концерт на дуото Лазар Соколов (саксофон) и Емилија Кабранова Филипова (пијано). Концертот, на 13 јуни 2025 година, ќе се одржи во хотел „Аполонија“- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот и е во организација на ЗГ „Музички моменти“- Гевгелија. Програмата за целовечерниот концерт е составена од композиции на К. Болинг, Д. Бужаровски, Ж. Лело, И. Пејовски, Р. Молинели, П. Итуралде.

