Вечерва, (16 декември 2025 година), со почеток во 19:30 часот, во Народниот театар- Гевгелија, ќе се одржи Новогодишниот концерт на Ансамбл „Бојмија“- Гевгелија, насловен „Чекори низ времињата“.
На овој концерт, покрај традиционалните ора и песни што ги изведува Ансамблот, публиката ќе има можност за првпат да ја проследи премиерната изведба на постановката „Комитско оро“- кореографија која носи длабока симболика и ќе побуди силни чувства кај сите присутни, претставувајќи чекор низ историјата, духот и идентитетот.
Концертот е замислен како празнична вечер исполнета со игра, музика и сценски приказ, во која традицијата се пренесува низ современ уметнички израз.
Влезницата за концертот чини 200 денари. Бројот на влезници е ограничен.
Настанот е дел од програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“.



