Гевгелија утре ќе биде центарот на македонскиот ракомет!
Во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија, на 2 септември 2026 година (среда), ќе се одигра натпреварот за Суперкупот на Македонија 2026, во кој силите ќе ги одмерат актуелниот шампион РК „Вардар 1961“ и ГРК Охрид.
Натпреварот започнува во 19:00 часот, а љубителите на ракометот ќе имаат можност да проследат вистински спортски спектакл и директна пресметка за првиот трофеј во новата ракометна сезона.
„Вардар 1961“ во новата сезона влегува како шампион на Македонија, додека ГРК Охрид, по одличните настапи и пласманот во финалето на Купот на Македонија, ќе има можност да се бори за престижниот трофеј во Суперкупот.
Ова ќе биде дуел на две амбициозни екипи и одлична можност за гевгеличани и за сите љубители на ракометот од регионот да бидат дел од голем спортски настан.
Билетите се по цена од 300 денари, а за оние кои сакаат натпреварот да го проследат во живо, ова е одлична можност да уживаат во врвен македонски ракомет.
Гевгелија повторно ги отвора вратите за голем ракомет и уште еднаш ја потврдува својата улога како град кој знае да биде добар домаќин на значајни спортски настани.
Утре, сите патишта водат кон Гевгелија!
СУПЕРКУП НА МАКЕДОНИЈА 2026
РК „ВАРДАР 1961“ – ГРК ОХРИД
Среда, 2 септември 2026
19:00 часот
Спортска сала „26-ти Април“, Гевгелија
Билет: 300 денари
Продажни места:
– МК Тикетс
– Тобако Лени Гевгелија
Да ја исполниме салата и заедно да уживаме во ракометниот спектакл!




