На 27 јуни 2025 година, три хора со членови на различни возрасти ќе имаат претставување во рамки на настанот „Вечер на хорска музика“, а дел од манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“. Концертот ќе се одржи во Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија, со почеток во 20:00 часот, а влезот за публиката е слободен.
Програмата започнува со настап на Градскиот детски хор „Божилак“, кој ќе се престави со композициите: „Што ми е мило“ во аранжман на Daniel Hughes, “Canon des scats“ од Pierre-Gérard Verny, македонската народна песна „Еленица препелица“ во обработка на Ристо Аврамовски, емотивната “You Raise Me Up“ од Rolf Lavland, како и барокната „Viva Tutte Le Vezzose“ од Felice Giardini.
Потоа, ќе настапи Училишниот хор при СОУ „Јосиф Јосифовски“, кој ќе се претстави со делата “An Irish Blessing“ од James E. Moore и „Gagliarda“ од Baldasare Donatti.
Вечерта ќе ја заокружи настапот на Градскиот мешан хор „Гортинија“, кој ќе ја изведе „Свечената песна за Свети Кирил и Методиј“, делото „Тебе поем“ од српскиот композитор С. Ст. Мокрањац, моќната хорска композиција “Dies Irae“ од Michael J. Trotta, како и „Македонско оро“ од Тодор Скаловски.
На сите три хора диригент е м-р Илија Атанасов, долгогодишен музички педагог и посветен уметнички водич кој зад себе има богато искуство во хорската музика.


