На 5 декември, со почеток во 18:00 часот, во Домот на културата- Мираваци ќе се одржи свечен настан по повод јубилејното одбележување на 100 години од основањето на ООУ „Климент Охридски“.
Под мотото „Век, светлина, знаење…“, Училиштето со гордост ги поканува граѓаните, поранешните и сегашните ученици, наставници и пријатели да бидат дел од овој важен јубилеј и славењето на Патрониот празник . Настанот ќе биде посветен на потсетување на историскиот развој на училиштето, неговите генерации и постигнувања, како и на поглед кон иднината исполнета со образование и напредок.
Во рамки на програмата ќе се одржи свечена програма подготвена од Училиштето, со пригодни обраќања и активности кои ќе го одбележат овој значаен вековен јубилеј, како и културно-уметничка програма подготвена со учениците, која ќе вклучува изведби, музички точки и сценски настапи.
Одбележувањето на 100-годишнината претставува момент на заедничка гордост и потврда за улогата на ООУ „Климент Охридски“- Мираваци како темел на образованието и културниот живот во заедницата.
Настанот е дел од програмата „Гевгелија град на културата 2025“, со што ова значајно одбележување го добива своето место во рамки на општинските културни активности.




