Во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025“, на 22 јули 2025 година (вторник), со почеток во 21:00 часот, на платото пред Народниот театар во Гевгелија, ќе се одржи театарска претстава за деца со наслов „Во царството на другарството“, во изведба на Театар „Хит“- Скопје.
Претставата претставува сказновито, едукативно и забавно сценско доживување, кое преку хумор и фантазија им пренесува на децата силна порака за пријателство, заедништво и потребата од мир во светот. Дечињата заедно со актерите патувајќи низ царството, ќе откријат дека само преку разбирање, добрина и почит може да се создаде подобар и посреќен свет за сите. Режијата е на Сашо Ристовски, кој е и автор на сценариото. Во претставата играат Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и Ема Давчева.
Гостувањето на Театар „Хит“- Скопје во Гевгелија е во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија.

