Општина Гевгелија ќе отуѓува 1 градежнa парцелa во сопственост на РСМ, со намена домување во станбени згради, по пат на електронско јавно наддавање. Парцелата се наоѓа на м.в. „Пазар“, КО Гевгелија и нејзината површина изнесува од 1.138 метри квадратни. Почетната цена за градежната парцела изнесува 2.570 денари од метар квадратен.
Продажбата на парцелата ќе се одвива по пат на електронско јавно наддавање (www.gradezno-zemjiste.mk), на 27.12.2023 година, почнувајќи од 09:00, во траење од 15 минути. Заинтересираните правни и физички лица пријавите за учество на јавното наддавање треба да ги достават по електронски пат на следната интернет-страница: www.gradezno-zemjiste.mk, заклучно до 25.12.2023 година.
Повеќе информации за постапката можат да се најдат на веб-страната на Општина Гевгелија: https://www.gevgelija.gov.mk/images/PDF/eopstina/OBJAVA_04-2023.pdf