Во рамките на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 12 август 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во Фоајето на Народен театар- Гевгелија ќе биде отворена Изложбата на фотографии и етнографски предмети „Материјалната култура низ призмата на Марко Цепенков“.
Изложбата ги претставува рачно скицираните етнографски предмети од делото на Марко Цепенков преку фотографии отпечатени на форекс материјал, кои се дополнети со автентични етнографски експонати во нивна оригинална верзија. На тој начин се прикажува традиционалната македонска материјална култура- од покуќнина, текстил, алатки за кроење и шиење до музички инструменти.
Автор на изложбата е м-р Тијана Николовска во соработка со Универзитетскиот ансамбл „Македонија“, а организатор е Дом на култура „Македонија“- Гевгелија.
