Програмата за август, во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“, продолжува со Концерт на староградска песна и музика на Културно-уметничкото друштво „Распеани гевгеличани“, кој ќе се одржи денес (18 август 2025 година), со почеток во 21:00 часот, на платото пред Народен театар- Гевгелија.
Членовите на Друштвото ќе ги изведат најубавите староградски песни и мелодии, пренесувајќи ја богатата културна и музичка традиција на Гевгелија. Концертот ќе понуди можност за граѓаните да уживаат во музиката што ги поврзува генерациите и да доживеат една инспиративна вечер исполнета со културно богатство и музичка енергија.
Настанот е организиран од ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и претставува дел од заложбата на градот да ја приближи музиката и локалната традиција до сите граѓани, поттикнувајќи љубов кон културното наследство.
