На 26 август 2025 година, во општина Гевгелија ќе биде одржана детална Јавна презентација за Проектот: „Гасовод помеѓу Северна Македонија и Грција на територијата на Северна Македонија“, во организација на Акционерско друштво за вршење енергетска дејност- пренос на природен гас „НОМАГАС“- Скопје во државна сопственост, а во соработка со Општина Гевгелија. Јавната презентација ќе се одржи во ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, со почеток во 11:00 часот.
Главната цел на повторната јавна презентација е граѓаните и деловните субјекти од општина Гевгелија, како и пошироката јавност, да се запознаат со деталите за Проектот, неговото значење, како и со планираните технички решенија и активности на подрачјето на општина Гевгелија и територијата на нашата држава.
Се повикуваат сите заинтересирани граѓани, компании и организации да присуствуваат на јавната презентација и активно да се вклучат во процесот, како дел од заложбите за транспарентност и вклучување на јавноста во процесите од областа на енергетиката.