Улицата „Иван Марков Братот“ во Богородица добива нов лик, со целосно реконструирана патна инфраструктура која значително ќе го олесни секојдневното движење на жителите и посетителите. Улицата, долга 800 метри и една од најфреквентните во населбата, сега располага со нов долен строј, подобрена БНС асфалтна подлога, асфалтиран коловоз со завршен АБ слој и нивелирани шахти во завршната фаза.
Заедно со проектантот и претставници од Секторот за урбанизам, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид на овој градежен зафат за подобрување на патната инфраструктура во Богородица.
– Со завршувањето на реконструкцијата на оваа улица, жителите на Богородица ќе добијат безбедно и функционално сообраќајно решение кое ќе ги олесни нивните секојдневни потреби, но и ќе ја подобри пристапноста за посетителите од страна. Со нови дела и дополнителни активности, активно продолжуваме да вложуваме и работиме за подобрување на инфраструктурата и сликата на градот и сите наши населени места- изјави градоначалникот Сарамандов.























