Известување за јавноста на општина Гевгелија
Општина Гевгелија, како и Инспекторатот за животна средина при Општина Гевгелија, ги известува сите граѓани дека е неопходно строго да се внимава на видот на материјалите кои се користат за затоплување во домашните печки и котли.
Потсетуваме дека согорувањето отпад- како пластика, гума, текстил, отпадно масло, стар мебел (лакирани и обоени отпадоци од дрво и мебел), стиропор, како и други недозволени материјали- претставува сериозен ризик по здравјето на луѓето и животната средина.
Горењето недозволени материјали предизвикува појава на токсични гасови и густ чад, кои ја загадуваат атмосферата и го нарушуваат квалитетот на воздухот.
Општина Гевгелија ќе преземе засилени контроли и законски мерки против сите физички и правни лица кои согоруваат отпад во домашни или индустриски уреди за греење, каде следуваат и соодветни казни според прекршокот.



