Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата редовна 8. седница. Седницата е закажана за 25 март 2026 година, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. За работа на седницата е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година,
2. Предлог-Одлука за одобрување субвенции за набавка на велосипеди,
3. Предлог-Одлука за утврдување на Нацрт-Изменување и дополнување на дел од Детален урбанистички план за Блок 5.3 и 5.6, општина Гевгелија,
4. Предлог-Одлука за сопствено учество на Општина Гевгелија во реализација на проект Изградба на парк со детско игралиште на ул. „Коле Неделковски“, општина Гевгелија,
5. Предлог-Одлука за сопствено учество на Општина Гевгелија во проект за „Изградба на сервисна улица „Павел Шатев“ 2 и улица „Галилео Галилеј“, Општина Гевгелија
6. Предлог-Одлука за сопствено учество на Општина Гевгелија во реализација на Проект за Поставување на опрема за спортско игралиштe во селото Богородица – општина Гевгелија,
7. Предлог-Одлука за сопствено учество на Општина Гевгелија во реализација на Проект за уредување на плоштад со урбана опрема и хортикултура во селото Моин – општина Гевгелија,
8. Предлог-Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка на Општина Гевгелија со Општина Градско,
9.Предлог-Одлука за прифаќање на донација од „ЛИДЛ Северна Македонија“ ДООЕЛ Скопје,
10. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата на Општина Гевгелија за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2025 година,
11. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за работата на овластениот градежен инспектор во Општина Гевгелија за 2025 година,
12. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за работата на инспекторот за животна средина во Општина Гевгелија за 2025 година,
13. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за работата на комуналниот инспектор во Општина Гевгелија за 2025 година,
14. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за работата на овластениот инспектор за патен сообраќај во Општина Гевгелија за 2025 година,
15. Предлог-Заклучок за усвојувањето на Извештајот за работата на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за 2025 година,
16. Предлог-Заклучок за усвојување на Програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за 2026 година,
17. Предлог-Решение за разрешување членови на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Општина Гевгелија,
18. Предлог-Решение за именување членови на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Општина Гевгелија,
19. Предлог-Решение за разрешување член во Општинската комисија за проценка и утврдување на висината на штетите предизвикани од елементарни непогоди во општина Гевгелија,
20. Предлог-Решение за именување член во Општинската комисија за проценка и утврдување на висината на штетите предизвикани од елементарни непогоди во општина Гевгелија,
21. Предлог-Решение за разрешување членови во Локалната комисија за борба против недозволена трговија со луѓе и илегална миграција во општина Гевгелија,
22. Предлог-Решение за именување членови во Локалната комисија за борба против недозволена трговија со луѓе и илегална миграција во општина Гевгелија,
23. Предлог-Решение за давање согласност на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија,
24. Предлог-Решение за давање согласност на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија,
25. Предлог-Решение за давање согласност на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз-Тито“- Гевгелија,
26. Предлог-Решение за усвојување на Предлог-Финансискиот план на донаторска сметка за 2026 год. на ООУ „Ристо Шуклев” – Негорци,
27. Предлог-Решение за давање согласност на Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот 01.01.2025 г. – 31.12.2025 г., со посебен осврт на периодот 01.10.2025 г. – 31.12.2025 г.,
28. Предлог-Решение за давање согласност на Годишната сметка на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2025 година,
29. Предлог-Решение за давање согласност на Извештајот за работењето на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2025 година,
30. Решение за давање согласност на Одлуката за распоредување на нето добивка на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2025 година,
31. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за јавната безбедност во општина Гевгелија за 2025 година,
32. Предлог-Информација за состојбите со шумскиот фонд, пошумувањето и експлоатација на шумите во општина Гевгелија,
33. Предлог-Информација зa рaбoтењето нa АД за водостопанство на РМ – Подружница „Јужен Вардар“- Гевгелија за 2025 година.


