Со првото ларвицидно прскање, кое ќе се реализира на 2 април 2026 година (четврток), Општина Гевгелија започнува со спроведување нa активностите предвидени со Годишната програма за општи мерки за заштита на населението од заразни болести, преку третирање против ларви и возрасни форми на комарци на целото подрачје на општината.
Со ларвицидното прскање ќе бидат опфатени сите потенцијални жаришта на стојни води во населените места, вклучително и површините покрај реката Вардар и другите ризични локации каде постои можност за развој на комарци.
Третманот се спроведува со цел навремено уништување на ларвите, со што значително се намалува ризикот од нивно понатамошно развивање во возрасни единки и ширење на заразни болести.
Активностите за дезинсекција ќе продолжат и во наредниот период, согласно утврдениот план и временските услови, со цел обезбедување ефикасна, навремена и континуирана заштита од комарци на целото подрачје на општина Гевгелија.
За термините кога ќе се спроведе теристичкото прскање против возрасни комарци, Општина Гевгелија навремено ќе ги извести граѓаните, со цел соодветно преземање на потребните мерки за заштита.



