Милетково добива нова инфраструктурна слика. По изградбата на новата фекална канализациона мрежа, во населеното место започна асфалтирањето на улиците, како дел од активностите за подобрување на условите за живот на жителите. Градоначалникот на oпштина Гевгелија, Андон Сарамандов, го посети Милетково, каде изврши увид во градежните активности за асфалтирање на дел од уличната мрежа. Во рамки на активностите, деновиве е асфалтиран дел од влезната улица, како и кракот кој води кон внатрешноста на населеното место. Асфалтирањето следува по завршувањето на изградбата на фекалната канализациона мрежа, проект кој беше едно од приоритетните барања на жителите на Милетково. Новоизградената канализациона мрежа наскоро се очекува да биде ставена во употреба.
За време на посетата, Сарамандов разговараше и со жителите на Милетково за нивните потреби и приоритети, како и за активностите што Општина Гевгелија планира да ги реализира во наредниот период. Сарамандов најави дека асфалтирањето ќе продолжи и на останатите улици во населеното место, со што постепено ќе се подобрува целокупната улична инфраструктура.
– Нашата цел е Милетково да добие поинаква слика и подобри услови за живот- градоначалникот Сарамандов, нагласувајќи дека барањата на граѓаните претставуваат обврска за локалната самоуправа.
Со продолжувањето на инфраструктурните активности во Милетково, Локалната власт продолжува реализација на проекти насочени кон подобрување на секојдневните услови за жителите, како во градот, така и во населените места во општината.




















