Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 15. седница на 22 септември 2026 година. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 10:30 часот, а на дневен ред се предложени следните точки:
1. Предлог-Одлука за донесување План за парцелација од Урбанистички проект со план за парцелација за ГП 10.5.15а од Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 10.5- Гевгелија (период 2019 – 2024), КО Гевгелија, општина Гевгелија,
2. Предлог-Одлука за донесување на План за парцелација од Урбанистички проект со план за парцелација за промена на граници на ГП 6.115, ГП 6.116 и ГП 6.117 од УП за село Богородица, Општина Гевгелија,
3. Предлог-Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка на Општина Гевгелија со Општина Дојран,
4. Предлог-Решение за разрешување на претседателот и членовите на Комисијата за распределба на недвижен имот- простории во сопственост на Општина Гевгелија, без надоместок, на корисници- здруженија на граѓани, фондации и сојузи со седиште во Општина Гевгелија,
5. Предлог-Решение за именување на претседател и членови на Комисијата за распределба на недвижен имот- простории во сопственост на Општина Гевгелија, без надоместок, на корисници- здруженија на граѓани, фондации и сојузи со седиште во Општина Гевгелија,
6. Предлог-Одлука за стипендирање на 10 (десет) студенти од Општина Гевгелија, запишани во прв циклус/прв семестар студии на Медицинските факултети- отсек Општа медицина, Машинските и Електротехничките факултети во Република Северна Македонија за академската 2026/2027 година,
7. Предлог-Решение за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 2026/2027 година,
8. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 2025/2026 година,
9. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 2026/2027 година,
10. Предлог-Решение за давање мислење на Статутот за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија,
11. Предлог-Решение за давање мислење на Статутот за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија,
12. Предлог-Решение за давање мислење на Статутот за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци,
13. Предлог-Решение за давање мислење на Статутот за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Климент Охридски“- Миравци,
14. Предлог-Решение за давање согласност на Статутот на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија,
15. Предлог-Решение за давање согласност на логото на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија,
16. Информација за поставување на билборди на подрачјето на Општина Гевгелија,
17. Информација од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа- Гевгелија за состојбата со изграденоста на архитектонските бариери за лица со посебни потреби,
18. Информација од Ловното друштво „Орел“- Гевгелија за состојбата со ловниот фонд во Општина Гевгелија.


