Излезе од печат октомврискиот број на весникот „Гевгелиски магазин“, кој информира за актуелностите и настаните во општина Гевгелија. Покрај другото, 112. издание на ова општинско гласило се осврнува на отчетот за сработеното во изминатава прва година од вториот мандат на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Исто така, информира за завршената реконструкција и реставрација на Старата чаршија во Гевгелија, актуелностите во локалната самоуправа, а донесува и репортажа за последното издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Вкуси го југот Гевгелија“. Во последниот број на „Гевгелиски магазин“ се поместени богати прилози за културниот и спортскиот живот во општината, како и посебен прилог за младите.
Пристап до електронската верзија: „Гевгелиски магазин“ бр. 112



