Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 16. редовна седница на 22 октомври 2026 година. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. Како точки на дневен ред за работа на 16. седница, се предложени:
1. Предлог-Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година,
2. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година (период: 01.01.2026 – 30.09.2026 год.),
3. Предлог-Програма за измени и дополнувања на Програмата за уредување на градежно земјиште во општина Гевгелија за 2026 година,
4. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија за 2026 година,
5. Предлог-Програма за измени и дополнување на Програмата за активности на Општина Гевгелија во областа образование за 2026 година,
6. Програма за измени и дополнувања на Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2026 година,
7. Предлог-Програма за измени и дополнувања на Програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја во општина Гевгелија за период од пет години (2024-2029),
8. Предлог-Одлука за начинот на управување и користење на спортските терени и објекти – сопственост на Општина Гевгелија,
9. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансискиот план на СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија за 2026 година,
10. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансискиот план на ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија за 2026 година,
11. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансискиот план на ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија за 2026 година,
12. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансискиот план на ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци за 2026 година,
13. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансискиот план на ООУ „Климент Охридски“ – Миравци за 2026 година,
14. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансискиот план на ООМУ „Васо Карајанов“ – Гевгелија за 2026 година,
15. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансискиот план на ЈОУ Дом на култура „Македонија“ – Гевгелија за 2026 година,
16. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансискиот план на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз-Тито“ – Гевгелија за 2026 година,
17. Предлог-Решение за усвојување на Измените и дополнувањата на Финансискиот план на ЈОУДГ „Детска радост“ – Гевгелија за 2026 година,
18. Предлог-Решение за давање согласност на Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“ – Гевгелија за период од 01.04.2026 год. – 30.06.2026 год., со посебен осврт за период од 01.04.2026 – 30.06.2026 година,
19. Информација за состојбата со хоризонталната и вертикалната сигнализација во општина Гевгелија,
20. Информација за состојбата со дивите депонии во општина Гевгелија,
21. Информација од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Гевгелија за состојбата со изграденоста на архитектонските бариери за лица со посебни потреби,
22. Информација од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Гевгелија за состојбата со жртвите на семејно насилство,
23. Информација од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица за состојбата со заштитата на историските и градителските традиции во општина Гевгелија.


