Општина Гевгелија објави Конкурс за финансиска поддршка на Здруженијата на граѓани за организирање програмски активности во 2027 година, со цел поддршка на проекти, програми, натпревари и манифестации од интерес на локалната заедница.
Право на учество имаат Здруженијата на граѓани и фондациите кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации и имаат седиште во општина Гевгелија.
За пријавување е потребно да се достави пополнета апликација во два истоветни примерока, тековна состојба од Централниот регистар, не постара од шест месеци, и потврда за отворена и активна трансакциска сметка. Апликациите може да се подигнат во Општина Гевгелија или да се преземат од веб-страницата www.gevgelija.gov.mk.
Конкурсот е отворен од 20 ноември до 11 декември 2026 година, до 16:00 часот. Пријавите се доставуваат по пошта на ул. „Димитар Влахов“ бр. 4, Гевгелија или непосредно во Aрхивата на Општина Гевгелија.



