Советот на Општина Гевгелија на својата 37. седница ги донесе буџетските програми за 2024 година, од повеќе области и дејности за функционирањето на локалната самоуправа. Покрај усвоените извештаји за реализација на програмите во изминатата година, Советот на Општина Гевгелија ги донесе Програмите за финансиска поддршка на програми и проекти од областа на културата, на спортските активности, активностите на Општина Гевгелија во областа на социјалната заштита, еднаквите можности, како и за работата на Младинскиот совет на Општина Гевгелија. Исто така, од страна на Советот беа усвоени Извештаите за реализација во 2023 година, како и Програмите за финансирање проекти, манифестации и значајни настани на месните заедници и финансиска поддршка на НВО-секторот од општина Гевгелија за организирање на програмски активности.
Советот на Општина Гевгелија, на 37 седница, го донесе Правилникот за утврдување критериуми, услови и постапка за доделување еднократна парична помош, ја донесе Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за субвенционирање на потрошувачката на основните комунални услуги, именуваше член во Управниот одбор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа- Гевгелија од редот на вработените во општинската администрација и прифати донација од Фондацијата „Ице Бегов“- Скопје. Исто така, беа усвоени Извештајот за работата на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата за 2023 година, Програмата за 2024 и Програмата за работните активности на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2024 година.
Советот на Општина Гевгелија донесе Одлуки за утврдување приоритет на Проектот „Изградба на водоводна мрежа, фекална канализација и амтосферска канализација за дел од Блок 4.4, општина Гевгелија, за давање согласност и овластување за потпишување договори за грант, за приоритет на проект за изградба на улица „Свети Климент Охридски (продолжување на западен булевар „Гевгелија“ и даде согласност на измените на Годишниот план за вработување во Општина Гевгелија за 2024 година.