Општина Гевгелија организира повторена јавна презентација и јавна анкета за Детален урбанистички план за Урбан блок 1.5, општина Гевгелија. Повторената јавна презентација и јавна анкета за ДУП за УБ 1.5, општина Гевгелија ќе се одржи на 5 март 2024 година (вторник), во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 11:00 часот.
Вкупната површина на планскиот опфат што се применува при изработка на ДУП за дел од УБ 1.5, КО Гевгелија, изнесува 2,03 ха, вклучувајќи ја и површината помеѓу регулационите линии одредени и површината до оските на сообраќајниците.
Границата на планскиот опфат се движи по осовините на улица „Маршал Тито“ на север, улица „Јосиф Јосифовски“ на југ, улица „Ѓорѓи Велков“ на исток и улица „Солунска“ на запад.
Јавната анќета ќе трае 10 работни дена, односно од 5 до 18 март 2024 година. Во спомнатиот рок, заинтересираните граѓани и други институции ќе можат да ги достават своите забелешки, предлози и мислења на анкетни листови.
Соопштението заедно со Синтезниот план и анкетните листови се објавени на веб-страната на Општина Гевгелија, во делот Соопштенија.