Во Општина Гевгелија, денес, беше извршено ждребување за утврдување на местата, на коишто ќе бидат истакнати изборни плакати како дел од кампањата пред Претседателските избори 2024 година. На јавниот повик организиран од страна на Општина Гевгелија се пријавија 7 политички партии. На денешното ждребување, општинската комисија, со присуство на овластените претставници од политичките партии, ги утврди местата за истакнување изборни плакати.
И тоа, по следниот редослед:
– кандидатот Арбен Таравари на местата обележани со реден број 1;
– кандидатот Стевчо Јакимовски на местата обележани со реден број 2;
– кандидатот Билјана Ванковска- Цветковска на местата обележани со реден број 3;
– кандидатот Стево Пендаровски на местата на местата обележани со реден број 4;
– кандидатот Гордана Силјановска- Давкова на местата обележани со реден број 5;
– кандидатот Максим Димитриевски на местата обележани со реден број 6;
– кандидатот Бујар Османи на местата обележани со реден број 7.
Имено, врз основа на спроведеното ждребување, организаторите на предизборната кампања ќе истакнуваат плакати на следниве места: бетонската ограда на Градскиот стадион, на источната страна од старото Градско пазариште, бетонските столбови на натпатникот на влезот во Гевгелија и бетонскиот потпорен ѕид во центарот на Миравци. Исто така, организаторите на предизборната кампања ќе можат да постават и паноа на градското шеталиште помеѓу жардинериите обележани со истите редни броеви.
Присутните претставници на организаторите на изборната кампања се согласија редните броеви на утврдените места за истакнување на предизборните плакати да останат исти и за Парламентарните избори 2024 година. По завршувањето на изборите, учесниците се должни во рок од 30 дена да ги отстранат плакатите од дозволените места.